Изградба на филтер станица во село Кучичино

Завршија градежните работи на изградба на филтер станицата за отпадни води во село Кучичино, во општина Чешиново-Облешево. Филтер станицата ја гради хрватската компанија „Еко Ина“ од Загреб која го доби тендерот за изградба и опремување на пречистителаната станица на отпадни води, и е во вредност од 23 милиони и 240 илјади денари.
- Пречистителаната станица во село Кучичино која се гради со донација од Швајцарската влада, ќе биде една од најсовремените во Македонија. Со преработката на отпадните води, талогот кој останува, односно ферментира, може да биде рационално искоритен во земјоделството, што е голем бенефит од самиот проект, изјави Костадин Личков, градоначалник на Чешиново Облешево.
Капацитетот на оваа пречистителна станица е за 700 жители од село Кучичино, а ќе бидат опфатени и отпадните води од населените места Теранци и Бурилчево и е прва од ваков вид по сливот на река Брегалница. Ваква пречистителна станица ќе се гради во селото Карбинци, штипско, како проект од вториот повик на Програмата наменета за заштита на сливот на река Брегалница, финансисран од Владата на Швајцарија.
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
