Изградба на нова улица во населба Зрновци
Во новата населба во општина Зрновци започна изградба на крак од новата улица „1 мај“ во должина од 200 метри.
- Финансиската конструкција за изградба на оваа улица изнесува 1 милион и 200 илјади денари средства обезбедени од буџетот на Општина Зрновци, а согласно програмата за патна инфраструктура во ова населено место, изјави Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.
Паралелно со овие активности, деновиве започна и изградбата на речното корито на река Видовишка, во населеното место Видовиште.
- Овде ќе се изврши регулација и изградба на коритото на Видовишка река во должина од 310 метри. Со изградба на речното корито очекувам да сопрат оние налети на вода кои што се случуваа при поројни дождови, така што сите жители кои што живеат покрај самата река во иднина ќе можат непречено да стигнуваат до нивните домови, додаде Станков.
Финансиската конструкција за изградба и регулација на речното корито на Видовишка река изнесува 3 милиони денари средства обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Кочани тагува
-
Повредените во стабилна состојба
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани