Изјава на лидерот на ДС Павле Трајанов по гласањето

Граѓаните ќе гласаат за промени и ќе се случат промени во Република Македонија, рече денеска по гласањето лидерот на ДС и носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 од Колаицијата за промени и правда Павле Трајанов.
- Според сите проценки денеска имаме референдумско изјаснување на граѓаните. Од утре битно е сите заедно да градиме единство, со цел да изградиме платформа за помирување меѓу левицата и десницата, за да престанат поделбите во Македонија, истакна Трајанов.
Порача сите заедно да ги засукаат ракавите и да работат на стабилизирање на состојбите и да се врати животот во Македонија.
- Мора да градиме систем во кој ќе владее правото, а тие што го кршеле Уставот и законите да понесат одговорност. Се надевам дека никој нема да се обиде определбата на граѓаните да ја сруши во текот на денот, а резултатот треба да бидат одраз на реалната и вистинската определба на граѓаните, изјави Трајанов.
Според него, до крајот на денот не очекува дека нешто ќе се случи, иако, како што рече, се слушаат разни дезинформации.
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
