Изјавата на Заев пред македонските војници предизвика реакции во Грција

Изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дадена по повод примањето на нови 125 професионални војници во АРМ вчера беше во фокусот на грчките медиуми, а за неа свои коментари дадоа и дел од грчките политичари.
Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека извори на грчкото МНР оцениле дека изјавата на премиерот Заев ја потенцира важноста од стапување во сила на Договорот од Преспа.
Свој став за ова изнесе и одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, кој на официјалниот Твитер профил напиша дека со изјавата Заев ја провоцира Грција, ги урива аргументите од пропагандата на Ципрас-Коѕијас и ја потврдува правилноста на одбивањето од Нова демократија.
Дел од грчките медиуми во насловите на текстовите напишаа „Провокација од Заев за македонска армија, што одговара грчкото МНР“; „Заев говореше за македонска армија“; „Одговор од грчкото МНР за македонската армија на Заев“; „Со Преспа одговараат извори од МНР на изјавата на Заев за македонска армија“ и „Наводите на Заев за македонска армија го разбудија грчкото МНР“.
Договорот од Преспа негативно го оценуваат и анкетирани граѓани во Грција. Истражувањето на агенцијата MRB спроведено меѓу 22 и 29 јуни преку директни интервјуа со 2.000 граѓани покажува дека 63,8 проценти од Грците негативно го оценуваат Договорот. Поголем е процентот и на анкетираните кои дале негативно мислење за новото име на Македонија, за државјанството и за јазикот.
Над 7 од 10 анкетирани сметаат дека Грција можела да постигне подобар договор, (75.1 отсто) дека Договорот повеќе им служи на македонските интереси (73.3 отсто) дека е штетен за националните интереси на Грција (70.5 отсто) и дека во иднина ќе создаде сериозни проблеми (68.5 отсто).
Негативни оценки граѓаните во Грција дале и за Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, министрите за надворешни работи и одбрана, лидерите на Нова демократија, Движење за промена, Река, Комунистичката партија на Грција, на Сојуз на централисти и лидерот на Златна зора.
Ново на Сител
-

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран
-

Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
