Македонија
29. October 2017 - 18:12

Излезноста во Виница, Зрновци и Чешиново Облешево над 50 отсто

Излезноста на гласачите во Виница, Зрновци и Чешиново Облешево до 17 часот е повеќе од 50 проценти.
 
Според општинските изборни комисии, најмногу гласале во Општина Виница, 59 проценти или вкупно 9.200 граѓани, а во Избирачкиот список се запишани 17.354 лица кои своето право на глас го остваруваат на 33 избирачки места.
 
Во општина Зрновци, пак, до 17 часот излезноста е 54,6 отсто или на гласање излегле 1.436 граѓани од запишаните 2.628 на четири избирачки места.
 
Во општина Чешиново Облешево гласале 3.315 граѓани или 58,2 отсто. На 13 избирачки места своето право може да го остварат 5.695 граѓани запишани во избирачкиот список.
 
Во трите општини вториот круг од гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера