Изложба „4 Идеи / Ремикс“ во галеријата „Акантус“

Во галеријата „Акантус“ во Скопје, вечерва ќе биде отворена изложбата насловена 4 Идеи / Ремикс. На изложбата свои дела ќе изложат четворица современи македонски автори: Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски, а куратор на изложбата е Јованка Попова, информираат од галеријата „Акантус“.
- Изложбата „4 Идеи / Ремикс“ следи четири генеологии на концептуално и визуелно обмислување и изразување кои се ставени во меѓусебен дијалог поставувајќи контекст за делата остварени во рамки на проектот „Everything Matters Prototypes“ во реализација на Проектниот простор „Прес ту егзит“ од Скопје, велат од галеријата.
Оттаму информираат дека делата на уметниците се надоврзување на веќе остварените во рамки на проектот „Everything Matters Prototypes, кој го третира концептот за производство на прототипи на предмети кои функцираат и како уметнички објекти, тестирајќи го денешниот културен и социо-економски контекст. Проектот е со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, соопштуваат од галеријата „Акантус“.
Инаку, изложбата ќе биде отворена до 21 септември.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
