Изложба на архивски документи во патнички воз по повод 25 години независност

„Патување кон независноста“ е насловена патувачката изложба која по повод 25 години независност на Република Македонија ја организира Државниот архив во соработка со Македонски железници - транспорт а.д.
Значајни документи и фотографии што се чуваат во депото на Архивот ќе бидат изложени во патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје - Битола - Скопје. Промотивното патување е денеска од Железничката станица во Скопје во 14 часот, а брендираната гарнитура ќе сообраќа на оваа релација до 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.
- Материјалите кои ќе бидат прикажани го опфаќаат периодот од 1903 до 1991 година, со што покрај Референдумот од 8 септември се одбележуваат и јубилеите на Илинденското востание, Крушевската Република и АСНОМ, соопшти Државниот архив на РМ.
Ново на Сител
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
