Изложба на дела од Борислав Траиковски во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба на дела од Борислав Траиковски, организирана во соработка со Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Штип и со поддршка од Министерството за култура.
Изложбата ќе ја отворат директорот ан КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров и Зоран Читкушев, директор на Музејот од Штип, а за посетители ќе биде отворена до 28 октомври.
Борислав Траиковски (1917-1996) е сликар и педагог кој се вбројува меѓу првите дипломирани ликовни уметници во Република Македонија. Заедно со Корубин и Лозановски бил еден од првите македонски студенти што во 1951 година дипломирале на Академијата за ликовни уметности во Белград.
- Забележано е дека за време на студиите бил во различна класа на професори, поради што честопати доаѓал и во конфликт, во однос на слободата на изразот и начинот на сликање со Ѓорѓе Андреевиќ-Кун, Љубица Сокиќ, Коста Хакман, Иван Табаковиќ.... Како член на ДЛУМ, бил на студиско патување во Италија, а како стипендист, и на студиски престој во Париз во 1961 година. Траиковски се смета за еден од основоположниците на современиот ликовен живот во Македонија, бил прв претседател на ДЛУБ и најзначаен член на групата ВДИСТ. Има остварено многубројни самостојни и групни изложби во Македонија и странство, соопштија организаторите.
Дела од творештвото на Траиковски се дел и во многубројни приватни колекции, а друг дел се наоѓа во музејски колекции во Македонија и надвор од неа. Целиот свој живот и работен век го поминал во Битола. За уметничките постигања има добиено државни награди и награди на Општина Битола.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
