Изложба на ретки речници во општина Демир Хисар

Со изложба на ретки речници, дел од нив стари и по повеќе од еден век, кои се дел од архивата на библиотеката „Ал-Би“ од селото Бабино, денеска во општина Демир Хисар беше одбележан Светскиот ден на јазиците.
На промотивниот настан што се одржа во Основното училиште „Гоце Делчев“, пред учениците и наставниците, сопственикот на библиотеката „Ал-Би“, Стево Степановски, одржа стручно предавање на тема „Речникот – библија на јазикот“, а под истиот наслов беше отворена и изложбата на ретки речници.
- Сите јазици имаат заедничка црта, но и сите меѓусебно се разликуваат. Издавањето речник е подвиг, општествено е потреба, а национално е гордост. Денешнава изложба под мотото „Речникот - библија на јазикот“, има за цел да го поттикне интересот за проучување на јазиците, кои ќе помогнат да се учи онолку колку што се сака, истакна Степановски.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
