Изложба на странски автори на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016
Во рамки на официјалната програма на Остен биеналето на цртеж Скопје 2016, од денеска до 10 ноември годинава ќе се претстават уметниците од Белорусија, Чешка, Казахстан, Литванија, Русија, Словачка и Украина.
Изложбата е на авторите Татсиана Карпачова, Карина Каранека, Наталија Шкраба, Линда Цихарова, Павел Трнка, Марсела Вихрова, Јиржи Андерле, Ренат Елубаев, Римутдас Пупелис, Гидре Рискуте, Игор Лишенко, Ана Никифорова и Олга Орел, Лиа Паче, Блажеј Балаж, Марија Балажова, Милан Хнат, Ева Хнатова, Ихор Мариниак и Богдан Пилипушко.
- Ова е ретка можност автори од држави со транзиција во своето минато да се најдат еден до друг и преку своето творештво да не потсетат дека и над понекогаш трауматичната трансформација на општествата, секогаш и без исклучок триумфира уметноста, информира „Остен“.
Посетителите ќе можат да ја проследат изложбата во Галерија Остен секој работен ден, од 9 до 17 часот, а во сабота од 10-13 часот.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава