Изложба во МКЦ за проблемите на ранливите категории
Проблемите и бариерите со кои се соочуваат луѓето од руралните средини при пристап до социјални услуги, со посебен фокус на жените како ранлива категорија, се тема на изложбата „Оut of Sight: Poverty, Rurality, Gender“ отворена во МКЦ Реактор-Истражување во акција.
Изложбата, која претставува визуелно зајакнување на научно истражување на темата „Систем за социјална заштита и социјални разлики“, е отворена во партнерство со Центарот за етика, право и применета филозофија од Србија и Центарот за развој на заедници од Косово.
Изложбата што ќе биде отворена до 11 ноември, го прикажува вистинското лице на сиромаштијата на жените и девојките од руралните области во Косово и Србија, кое нималку не се разликува од позицијата на девојките и жените во Македонија каде што секој четврти граѓанин живее во беда, а жените се на маргините и најмногу на удар.
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје