Изложба во рамки на проектот „И јас имам глас“
Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ организира изложба на реализираните активности во проектот „И јас имам глас“ што ќе се одржи денеска во Детскиот креативен центар и во Џебното кино во Младинскиот културен центар во Скопје. Проектот се спроведува со поддршка на “Save The Children International”- Косово и Шведската Интернационална Агенција.
На изложбата, учениците и наставниците од четирите основни училишта „Братство“ од Карпош, „Дане Крапчев“ од Гази Баба, „Кирил и Методиј“ од Тетово и „Христијан Тодоровски Карпош“ од село Драгоманце ќе ги претстават изработките од уметничките и драмски активности што се реализираа во нивните училишта во рамки на проектот „И јас имам глас“.
Целта на проектот е градење капацитети на децата и младите за активно и одговорно граѓанство, а треба да помогне и за подигнување на јавната свест за важноста на проактивното почитување на правата на децата.
„И јас имам глас“ се реализира во рамки на регионалниот проект за создавање одговорен систем што ќе овозможи механизми за спроведување на правата на децата, во периодот од 2018 до 2020 година.
Ново на Сител
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик

