Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги испратени во Парламентот
Владата на денешната 55. седница го усвои Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Како што се наведува во соопштението од Владата, основна цел на овој Предлог - закон е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Суштинските измени што се предлагаат, како што се посочува, се однесуваат на изборот на управните тела и директори на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ.
На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација, Владата денеска го разгледа и усвои и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со основна цел за усогласување со измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари