Измените на Законот за Народен правобранител пред Комисијата за политички систем
Усогласување на законот за Народен правобранител со Париските прицинпи, механизми за јакнење на институцијата Народен правобранител преку финансиска независност, промена на начинот на вработување и одвојување на неговата стручна служба од државната администрација... се дел од предлог измените на Законот за Народен правобранител кои денеска ги образложи министерот за правда Валдет Џафери пред собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедници.
Со измените, појасни, се уредува материјата за промоција на човековите слободи и права, како и зајакнување на мандатот на Народниот правобранител, а ќе се исполнат и поставените критериуми за добивање стаус А за Национална институција за човекови права.
- Според барањето за акредидација до Меѓународниот комитет за човекови права Обудсманот во Република во Македонија во октомври доби статус Б со заклучок дека доволно ги исполнува условите за добивање на тој статус. Во исто бреме заклучува и дека има широк мандат за заштита, но не и мандат за промоција на човековите права. Со овие измени ќе се прошири мандатот на Народниот правобранител, појасни министерот Џафери.
Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека измените во законот за правобранителот ќе придонесат до понатамошно унапредување на системот на заштита на човековите права во Македонија во согласност со повеќе меѓународни стандарди.
- Во предлог законот има одредби преку кои невладините организации и хуманитарните организации можат да преземат некој од надлежностите и да делуваат како национален превентивен механизам во соработка и со претходна согласност од Народниот правобранител. Во насока на усогласување е и формирањето на посебно одделение за превенција од тортура, истакна Манаскова.
Со предложените мерки, според неа, ќе се прошири мандатот на Народниот правобранител со вклучување на промоцијата на човековите права во правна рамка, односно во Законот за Народен правобранител.
Пратеничката Роза Топузовска Каревска рече дека со измените не се нуди целосна финансиска независност, сопствен буџет и зголемување на човечките ресурси на Народниот правобранител.
- Ако ги погледнеме извештаите од ЕК за напредокот на Македонија, ќе видиме дека во секој извештај, без исклучок, се наведени забелешките за кршење на човековите права. Затоа оваа институција е многу значајна за заштита на човековите права и за јакнење на демократските принципи во Македонија. За жал оваа институција е спречена поради недостигот на финансиски средства, рече Топузова Каревска.
Потенцира дека Законот има многу недостатоци и недоречености, забалежувајќи дека не може да се промовира заштита на човековите права само со објавување годишни извештаи и оти треба одговроност за секој кој ќе ја попречува неговата работа.
Според Дејанчо Ефтимов од ВМРО ДПМНЕ, една од клучните одредби во измените на законот е преземањето на конкретни мерки од страна на Владата во однос на сите преставки по однос на извештајот на Народниот правобранител, со што, како што рече, се дава дополнителна сила за спроведување на мерките предложени од народниот правобранител.
Кенан Хасипи рече дека измените ќе ја унапредат институцијата Народен правобранител и со добивањето на статусот А ќе има поголеми обврски со што ќе има поголеми финансиски потреби. Тој ги повика пратениците посебно оние кои се членови во Комисијата за финансирање и буџет да обрнат поголемо внимание за финасирање на институцијата Народен правобранител која ќе има поголеми обврски во остварување на функцијата која, како што рече, е утврдена со закон според скандинавскиот модел.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите