Измените на законот за „свиркачите“ пред Владата
Владата на Република Македонија денеска на 48. седница ќе го разгледа предлогот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи по скратена постапка, поднесен од Министерството за правда.
На дневен ред, како што информираат од владината прес-служба, е и Предлог - законот за ратификација на дополнителниот протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно европскиот договор за слободна трговија.
Министрите, на денешната седница, ќе ја разгледаат и информација за реализација на препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија - Четврт круг на тема: „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите“- Втор ситуациски извештај на Република Македонија.
Ќе биде разгледана и информацијата за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“.
Почетокот на 48.седница на Владата е закажан за 15 часот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
-
Њујорк Тајмс: Одлуките на Трамп ја загрозуваат целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма
-
Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница