Изминатите два дена 20 сообраќајки во Скопје, три лица тешко повредени

На подрачјето на Скопје во текот на изминатите два дена се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои 17 лица се здобиле со лесни, а три лица со тешки повреди. Во седум сообраќајки е причинета материјална штета.
Од сообраќај се исклучени 20 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца возачи почетници, како и 20 нерегистрирани возила. Според дневниот билтен на СВР Скопје, со специјалното возило „пајак“ подигнати се 25 возила.
Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале улица подалеку од пешачки премин, девет возачи кои поминале на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.Сакционирани се и шест возачи на мотор или мотоцикл за неносење заштитен шлем, седум возачи на автомобил за неносење сигурносен појас, како и 17 возачи кои возеле додека зборувале на мобилен телефон.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
