Изминатото деноноќие 12 сообраќајки во Скопје, седум лица лесно повредени
Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет е причинета материјални штета
Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, 13 со истечена важност на сообраќајна дозвола и 18 нерегистрирани возила.
Казнети се и 70 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 52 возила.
Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за не правилно престројување, еден за неправилно престигнување, тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл, пет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возил и 18 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости