Живот
27. December 2016 - 11:13

Изненадување за Божиќ: Синовите штеделе 10 години за овој поклон!

Откако цели 10 години оставале пари на страна, браќата Кнуст од Сиднеј на својата мајка во знак на благодарност и поклониле автомобил за кој од секогаш сонувала.

- Мал поклон со кој на нашата мајка сакаме да и се заблагодариме за се што направила за мене и Џејсоон. Веќе 10 години ова сакам да го направам, а сега сонот стана стварност, напиша Даниел Кнуст од Сиднеј.

- Напорната работа се исплатеше, а за тоа не учеше од мали нозе нашата мајка. Никогаш тоа нема да го заборавам, додаде тој.

Даниел и Џејсон објавиле на Инастаграм снимка на која се гледа како и покажуваат БМВ 3 украсено со црвена машна, кое го сокриле во гаража.

- Еј мамо, ти текнува како со години сонуваше за БМВ? Нов автомобил? Во гаража имаме нешто за тебе, и кажал Даниел на својата мајка покажувајки и кон гаражата.

Видно возбудена и изненадена мајка повторувала: „Не, немојте тоа да ми го правите“,

Корисниците на Инстаграм го прегледале повеќе од 4000 пати и им честитале на момчињата за дарежливоста и грижата за својата мајка.

- Оваа мајка би требала да биде горда што има вакви добри синови, напишал еден корисник.

- Ова ми измами солзи во очите. Прекрасно, е еден од многуте позитивни коментари.