Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека повеќе од 80 борбени авиони извршиле бран напади врз воени локации, ракетни лансери и други цели во Техеран и централен Иран.
- Повеќе од 80 авиони на израелските воздухопловни сили извршија уште еден бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим, се вели во соопштението од ИДФ.
Од друга страна, иранската морнарица соопшти дека започнала „бран масовни напади со беспилотни летала“ против Израел и американските сили, објавија државните медиуми во Иран.
- Иранската морнарица започнала бран масовни напади со беспилотни летала против американските бази и окупираните територии (т.е. Израел, кој не е признат од Иран)“, соопштија вооружените сили на Техеран, цитирани од официјалната новинска агенција ИРНА.
Нападнати се базата Ал Минхад во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), во која се сместени американски војници, база во Кувајт и „стратешко место“ во Израел, се додава во соопштението.
Тревога за напад утрово и објавена во ОАЕ поради воздушен напад врз аеродромот во Дубаи, каде што се слушнала силна експлозија, по што се издигнал столб од чад.
Властите во Дубаи потврдија дека имало „мал инцидент предизвикан од паѓање остатоци од проектил или беспилото летало, додавајќи дека никој не е повреден. Во исто време, тие ги негираа извештаите што циркулираат на социјалните медиуми за инциденти на меѓународниот аеродром во Дубаи.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
