Израелската компанија „Даган“ заинтересирана за инвестирање во Македонија
Израелската компанија „Даган“, специјализирана за земјоделски проекти и еден од водечките провајдери на иновативна технологија во земјоделската дејност со над триесетгодишно искуство, е заинтересирана за инвестирање во Македонија.
Како што образложија претставниците на компанијата на денешната средба со министерот за привлекување странски инвестиции Бардул Даути, „Даган“ првично би вложила 30 милиони евра со што би обезбедила најмалку 100 нови работни места.
-Претставниците ги изложија своите интереси за вложување во областите на автоматизација на земјоделството, особено во областа на пластеници, расадници, т.н зелени куќи, тунели и отворени полиња. Тие ги запознаа владините претставници со системите за третман на води и системите за наводнување под притисок, информира владината прес-служба.
Министерот Даути ги презентираше можностите што ги нуди Македонија за потенцијалните инвеститори и ги запозна гостите со Планот за економски раст. Потенцира дека за инвеститорите е обезбедена правна сигурност, стимулирање и поддршка на странските и домашни компании на транспарентен и недискриминирачки начин што го опфаќа и аспектот на понудата на државното земјиште наменето за инвестиции, можноста за користење на ИПАРД фондовите, како и субвенциите обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Претставниците на израелската компанија изразија подготвеност за повторна посета на земјава за прецизирање и интензивирање на соработката.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени