Израелски хакери дојдоа до списокот со целите на Исламска држава

Израелска ИТ компанија хакираше заштитен канал, по кој терористичката организација Исламска држава ги разменува информациите, пренесува Танјуг.
Вработени во израелската компанија за собирање информации во кибер просторот „Инсаитс“, специјализирана за барање податоци во т.н. „црна зона“, успеале под туѓи имиња да влезат во затворена група од 500 приврзаници на ИД, каде пронашле и насоки за нови терористички напади.
ИД, по правило, не дава конкретни насоки за изведување на терористички напади, наведува „Спутњик“ и прецизира дека наместо тоа, организацијата објавува соопштенија за нови напади од општ карактер, знаејќи дека има доволен број на оние кои ќе бидат подготвени да ги изведат.
Според информациите од израелската фирма, пред три месеци бил објавен список на посакувани цели, на кој се наоѓала и црква во Нормандија, која подоцна беше цел на напад.
Во затворената група на приврзаници на Исламска држава може да се влезе само со препорака на некој од членовите на групата.
„Спутњик“ наведува дека неодамна бил објавен нов список со цели со конкретни координати, а во него се наоѓале аеродроми кои американската војска ги користи за бомбардирање на цели на ИД на Блискиот исток.
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
