Извлечени 15-те добитници на наградата од по 100.000 денари во МојДДВ #МојаНаграда
Извлечени се 15-те добитници на наградата МојДДВ #МојаНаграда кои скенирале фискални сметки во текот на март годинава. Тие ќе добијат по 100 илјади денари.
Како што информираат од Министерството за финансии, тоа се Ванче Василески, Катерина Апостолова, Зорица Илиев, Весна Макашевска, Дејан Ѓошев, Славко Јанковски, Љика Митева, Фадил Угљанин, Сеља Хаџи, Војче Мирчески, Благој Тунџов, Фарук Ајрулаху, Виктор Устијаноски, Мише Милановски и Деан Андреевски. Тие беа извлечени во саботата, во вечерниот термин на Канал 5 ТВ.
Шестмина од наградените се од Скопје, по двајца добитници се од Струмица и од Прилеп и по еден од Штип, Охрид, Пробиштип, Тетово и Богданци.Во првото тримесечје, скенирани се вкупно 49,9 милиони фискални сметки со остварен промет од вкупно 21,9 милијарди денари со вкупен ДДВ од 2,2 милијарди денари.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата