Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
На денешната ждрепка во седиштето на Европската федерација во Нион беа извлечени двојките за плеј-офот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Дербито е меѓу Манчестер Сити, актуелниот англиски шампион и освојувачот на трофејот во 2023 година, од една страна и шампионот на Ла Лига и рекордерот по број на европски титули – Реал Мадрид.
Другиот натпревар кој ќе привече внимание е оној меѓу актуелниот лидер во Бундеслигата – Баерн Минхен и повеќекратниот шампион на Шкотска – Селтик.
На некои тимови не им требаше плеј-офот за да ја минат првата рунда од борбата за европската круна, па директен пласман во Топ 16 веќе обезбедија Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер, Лил и Астон Вила.
Двојки за плејофот за осминафиналето:
Клуб Бриж – Аталанта
Спортинг – Борусија Дортмунд
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Селтик – Баерн Минхен
Јувентус – ПСВ Ајндховен
Феенорд – Милан
Брест – Пари Сен Жермен
Монако – Бенфика
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка