Македонија
4. February 2022 - 18:28

Извршил четири кражби во цркви, манастири и училиште - уапсен 24-годишен битолчанец

Полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет –  Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности  открија сторител на четири тешки кражби на подрачјето на Битола.

Како што информира Министерството за внатрешни работи,  Р.Д.(24) од Битола, три кражби извршил во цркви и манастири во изминатиот период, а една во средно општинско училиште.

Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.