Извршителите од денеска продолжуваат со извршување на наплата на долговите

Од денеска извршителите продолжуваат со редовните активности откако истече важноста на Уредбата, со која беше предвидено 30 дена по престанувањето на вонредната состојба да продолжи целосната примена на Законот за извршување.
-Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба ( Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување (Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба ,, до 30 јуни” со зборовите, заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, се наведува во соопштението од Комората на извршители на РМ.
Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата, како што велат од Комората, е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од денеска продолжува целосната примена на Законот за извршување.
До март годинава, како што информираат од Народна банка на РМ биле блокирани 229.314 трансакциски сметки, од кои 190.183 се на физички лица, а 39.131 се на фирми.
Вкупниот број блокирани депоненти според објавените податоци е 106.723, од кои 26.000 се компании, а околу 80.000 се физички лица.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
