Ја фатил сопругата како го изневерува со комшијата, ама вака ...ќе посакате и вашата жена да ве изневерува
Судијата во Северна Каролина поради архаични и малку познати закони, пресуди љубовникот на изневерениот човек со чија жена спиел, да мора да му плати 8,8 милиони долари отштета.
Кинг Кит го тужел љубовникот на неговата сопруга затоа што уништил му го "среќниот" брак. Кинг се оженил со Дениле Сорди во 2010 година и заедно имаат бебе.
Во 2015 година, Кинг нашол сомнителни пораки кои биле разменети од неговата сопруга и дотичниот Франциско Изар.
Со текот на времето, нејзиното неверство им го уништило бракот, а Даниел изнајмила стан во 2017 година и се отселила. Кинг отишол во тој стан, мислејќи дека живеела сама, и вратата му ја отворил Изар. Потоа, Даниел снимила видео како нејзиниот љубовник го дави сопругот. Кинг по "тепачката" тужел за нападот.
На Судот му приложил докази за 16-месечната афера, и неговиот адвокат Џоан Фојл, изјави дека не само што аферата му го уништила бракот, туку Кинг изгубил и работник, што се должи на фактот дека Даниел работела во неговото "BMX Stunt Show"
Во граѓанската тужба во април 2017 година, Кинг го тужел Изар, но тој немал среќа, со оглед дека на законите "Homewrecker" се 'уште се спроведуваат во шест сојузни држави во САД: Хаваи, Северна Каролина, Мисисипи, Њу Мексико, Јужна Дакота и Јута.
Судијата пресуди во корист на измамениот сопруг и нареди обештетување од 8,8 милиони долари. Изар ќе поднесе жалба на одлуката, за која судијата рече дека е пресуда од учебникот, барем во Северна Каролина.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион