Џет-Сет
5. November 2016 - 20:01

Ја истетовирала цела рака со ликот на фолк дивата Цеца!

Светлана Ражнатовиќ – Цеца беше меѓу првите балкански ѕвезди чиј лик посветените фанови го истетовираа на нивното тело. Тој тренд трае со години, а неодамна Цеца уште еднаш заврши на раката на обожавателка.

Девојката, која со години ја пратела кариерата на Цеца, на еден настан успеала и да стигне до својот идол и да ја покаже тетоважата.

– Сигурно многу те болеше. Ти благодарам многу, баш ме израдува – и рекла Цеца.

Девојката и кажала колку ја сака и обожава.