Ја намамил преку Фејсбук: 13-годишно девојче заврши во кревет со 53-годишен маж
Ученичка (13) од околината на Загреб на родителите во саботата им рекла дека ќе преспие кај другарка, но заминала да се најде со маж што го запознала на интернет.
Се утврдило дека станува збор за 53-годишен, семеен човек, татко на три деца, кој девојчето намерно го намамил во загребскиот хотел и таму го држел 26 часа, додека не е уапсен.
Таа на рецепција рекла дека го чека таткото кој ја резервирал собата, а рецепционерите ја пуштиле без никаква проверка. Родителите сфатиле дека нешто не е во ред кога престанала да јавува на телефон, Вистинската агонија почнала кога дознале дека не кај пријателката.
Почнала потрага по неа, а привата корисна информација им ја дала жена на Фејсбук, која го видела девојчето како се распрашува за хотелот, пишува Јутарњи.
Полицијата ги затекнала нив двајца во соба и типот е набрзо уапсен.
Нејзината сестра изјави дека кога ја пронашле била омамена, дека вртела со очите и не можела да одговори на ниедно прашање. Не знаела каде се наоѓа ниту што се случило, раскажува очајната сестра.
За што точно ќе биде осуден 53-годишниот перверзник ќе покаже истрагата, вештачењата, прегледите на снимките од надзорните камери и реконтрукцијата на целото „дружење“. Освен сомневање дека извршил полови дејства врз детето, не е исклучено и во прашање да е трговија со деца.
Ново на Сител
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија