Ја напуштил работа и тргнал на пат околу светот со куче и пијано
Американецот Дотан Ненгрин дал отказ на своето работно место и решил да тргне на пат околу светот, при што со себе ги понел неговите „две најважни работи“ - пијаното и кучето Брандом.
Дотан бил незадоволен од работата што ја работел, а сакал да го види, светот.
Дотан и Брандом за пет години посетиле повеќе од 300 градови и 21 земја. Тие двајца ги забавувале луѓето ширум светот, како во Америка, така и во Европа.
Ненгрин набавил камион преку сајтот „Ибеј“, со кој го транспортирал пијаното од земја во земја. Тој вели дека запознал повеќе од десет илјади луѓе и дека видел градови за кој порано немал време и можности.
- Споив се што сакам кога е во прашање овој живот: патувања, музика, настапи и запознавање луѓе. Сепак, ваквиот живот умее да биде многу компликуван, затоа што не е лесно да пренесуваш пијано. Еднаш ми падна на раката и ги скршив двата прсти, раскажува Дотан за своите доживувања.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена