-->
-->
Ја уби мајката на фудбалерот на Црвена ѕвезда па на својата девојка и испратил морничава порака: Ја заклав баба и сега имам 20.000 динари
-->
Ужасно злосторство ја потресе Србија, кога Мира Шарац (64) е брутално убиена во својата куќа во Рима во четвртокот наутро.За ова злосторство е осомничен нејзиниот внук, кога полицијата го затекнала зад компјутер во блиската играчница и тој веднаш е приведен.
Тој на својата девојка и и испратил морничава порака која гласела: Ја убив бабата и сега имам 20.000 динари.
Срѓан во претпладневните часови се скарал со таткото и отишол кај бабата. Кога стигнал кај неа, таа му сварила кафе.
Додека го пиел кафето, Мира легнала да се одмори малку, а тој тогаш го извадил ножот, кој како што рекол, постојано го носел со себе. Несреќната жена шест пати ја избодел во вратот.
Инаку синот на Мира Шарац е познатиот српски фубалер Драган Шарац кој играл за Обилиќ додека Аркан беше живи и тогаш освоија една титула.
Нешто подоцна замина за Австрија, каде играше за нивните клубови, а по враќањето во Србија две сезони играше за Црвена Звезда, во периодот од 2003 до 2005 година.
Моментално е помошен тренер на Чукарички. За репрезентацијта на Југославија настапувал на шест натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
