Ја заклучувала својата 6 годишна ќерка дома за викенд, за да го посетува љубовникот
Триесет и едно годишна жена од Лечестер два пати го заклучила девојчето само дома за викенд, со сок и колач за јадење. Соседите пријавиле во полиција.
Мајката чие име не се открива сепак ја избегна досудената затворска казна од 10 месеци, која беше суспендирана, поради тоа што таа сега има четврто дете кое сеуште го дои.
Во 2014 година таа два пати ја оставила својата 6 годишна ќерка сама дома, во станот во Лечестер, и патувала во Лондон да го посети својот љубовник.
На детето за тие два дена му оставала само сок и колач за јадење.
– Го остававте ова дете само за да ги исполните своите сексуални и други потреби, го ставивте тоа пред вашите обврски кон ќерката што е непростливо за една мајка. Да се остави такво мало дете заклучено без можност ниту за влез ниту за излез, се можело да се случи, пожар, електричен спој, детето да падне… Дузина работи можеле да се случат и тоа сигурно ви поминало низ глава кога тргнувавте на пат за Лондон.Но и покрај се, сега кога имате бебе кое го доите, би било контрапродуктивно да ве пратиме во затвор – изјави судијата Мајкл Стоукс.
Мајката изјавила дека се чувствува засрамено, а нејзиниот адвокат ветил дека таа ќе помине низ бројни курсеви, програми и советувања како да биде подобар родител.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата