Јагода Шахпаска: Намалувањето на невработеноста е прав пат
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат намалување на невработеноста и повеќе пари кај граѓаните.
Со ребалансот на Буџетот за 2019 година дополнителни 421 лице добиваат неповратни средства од Програмата за самовработување.
Овие лица по успешно изработениот бизнис план набрзо ќе може да ги регистрираат своите фирми и ќе почнат со работа.
Самостојните корисници добиваат грант предвиден со Оперативниот план за 2019 година до 5.000 евра, односно до 10.000 евра ако се двајца содружници.
Оперативниот план за вработување дава реални и видливи резултати. Тоа е една од клучните мерки за намалување на стапката на невработеност, која денес изнесува рекордно најниски 17,5 отсто.
Владата предводена од СДСМ е посветена на заложбите за поголема поддршка на отворање нови бизниси. Доказ за тоа е фактот што во последните 3 години, средствата за Програмата за самовработување се зголемени повеќе од два пати во споредба со периодот од 2007 до 2016 година.
Остануваме посветени на отворање нови и добро платени работни места, повисоки плати и намалување на стапката на невработеност.
Продолжуваме со креирање и реализација на мерки што во интерес на сите граѓани.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН