Јакимовски бара истрага за запалениот автомобил и заканите за сопартиецот од Струмица

Претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски денеска обвини дека членови на опозициската СДСМ преку социјалните мрежи, во лични пораки и преку пријатели му се заканувале на претседателот на општинската организација на партијата во Струмица Сашо Милковски. Вчера изутрина бил запален и неговиот автомобил.
Јакимовски повара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да спроведе истрага и да се преземат мерки против извршителите.
- Повеќепати се случуваше на неговиот автомобил да му дупнат гумите, да биде оштетуван, но завчерашното палење на неговиот автомобил во 2 часот по полноќ, ја прели чашата на трпението. Знаеме дека ваквите кукавички дејствија се иманентни за СДСМ, рече Јакимовски на прес-конференција.
Според него, зачудува фактот што СДСМ излегле со соопштение дека претседателот на општинската организација на ГРОМ Сашо Милковски го запалил неговиот автомобил само да привлече внимание.
- За каква политичка кулктура станува збор? За каква опозиција? Вака ли ќе ја ослободуваат Македонија од наводниот режим?, праша Јакимовски, посочувајќи дека секоја сериозна партија треба да го осуди атакот врз имотот на политичкиот противник во Струмица.
Јакимовски рече дека иако настанот билм пријавен вчера во 9:30, полицијата дошла дури во 17:00 часот по неколку нивни интервенции. Возилото, според ГРОМ, е полиено со бензин и моторно масло и било изгаснато од чувар на згради.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
