Јакимовски: Нови катни гаражи во населбата Влае 2

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и претседател на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, на денешната прес конференција најави изградба на паркинг платформа во населбата Влае 2, односно на паркингот пред комплексот „Порта Влае“. Како што нагласи Јакимовски, граѓаните кои живеат во овој дел на општината, особено во Порта Влае и околните домови имаат голем проблем со паркирањето на своите возила.
- Со тоа ќе го решиме овој проблем, и кафетериите, дуќанџиите, рестораните ќе можат подобро да функционираат, бидејќи голем број на карпошани, особено млади доаѓаат токму тука во Порта Влае, нагласи Јакимовски.
Кандидатот за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, исто така најави и изградба на катна гаража покрај улицата „ Васил Чакаларов“, со што ќе се реши проблемот со паркирањето на автомобилите.
- Оваа катна гаража ќе има едно подземено ниво, и три надземни катови, со капацитет за паркирање на околу 150 возила. Со тоа значително ќе придонесеме за решавање на проблемот со паркирање на граѓаните кои живеат во тој дел на локалната самоуправа, појасни Јакимовски.
Јакимовски потенцираше дека со изградба на катната гаража и паркинг-платформата во населбата Влае 2 , целосно ќе се реши проблемот со паркирање на автомобилите на граѓаните кои живеат во оваа урбана заедница.
Стевчо Јакимовски, ГРОМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
