Јана Бурческа не е меѓу аутсајдерите на Евросонг, според обложувачниците
Евровизиската преставничка на Македонија според светските обложувачници има шанси од околу еден отсто да победи на овогодишниот избор на Песна на Евровизија.
Јана Бурческа (23) ќе настапи со песната „Dance Alone“ во конкуренција од 42 натпреварувачи.
Коефициентот македонската претставничка да победи на Евросонг се движи од 101 до 151 и сепак не е меѓу најголемите аутсајдери на тоа натреварување.
Најмалку шанси за победа обложувачниците им даваат на Сан Марино и на Албанија (Коефицент 250).
Најголем фаворит се смета Франческо Габани од Италија кој има според нив 59 отсто шанси за победа. Втор на листата со најголеми шанси е бугарскиот претставник Кристијан Костов со песната Beautifull mess.
Годинешниот Евросонг се оддржува во Киев. Првата полуфинална вечер ќе се оддржи на 9 мај, втората на 11 мај а финалето е закажано за 13 мај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството