Јанчев: За рано наутро обезбедени се авиони и хеликоптери за гаснење на пожарот на Серта
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека во гаснењето на пожарот во неготинско од утре рано наутро покрај воздушна поддршка ќе биде вклучена и механизација.
- За утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиона, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско, стои во објавата на Фејсбук.
Како што пишува во обајавата, ова било одлучено на координацијата со секретарот на Општина Неготино, Марија Нацева, Стојанче Ангелов од ЦУК, како и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино.
Претходно во текот на денот, Јанчев објави дека заедно со градоначалникот на општина Неготино и Противпожарната единица Кавадарци, се на терен на Серта и Војшанци, со цел да се изнајде решение и заеднички со сите ресурси и механизација, да се успее во гаснењето на пожарот, што деновиве се шири во овој дел.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала