Јаневска: Околу 1800 ученици од Трубарево непречено следат онлајн настава

Без проблеми се одвива онлајн наставата за ученици од четири училишта во општина Гази Баба со цел тие и нивните наставници да се заштитат од штетни материи по големиот пожар во магацин за отпад во Трубарево во саботата.
-На мое големо задоволство, наставата тече без пречки. Околу 1800 ученици од четирите училишта во Трубарево ја посетуваат наставата и досега немаме ниту една поплака, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по настанот "Градиме нови мостови" што се одржа во ОУ "Живко Брајковски" во Општина Бутел.
Министерството за образование и наука (МОН) на 14 септември информираше дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од вчера 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн, поради настанатиот пожар во Трубарево.
МИА
Ново на Сител
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
