Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови

За предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование се дискутира. Јавната расправа се уште трае иако онлајн расправата е затворена. Планирани се и дополнителни посети и средби, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Наставните програми ќе се менуваат од септември и учениците од септември, рече таа, „ќе имаат нови учебници за средно гимназиско“.
- За концепцијата ќе имаме приближно една година време за да ја стокмиме така како што треба да изгледа и да биде соодветна на програмите од Европска Унија за нашите гимназијалци, кои ќе го продолжуваат школувањето овде, а дел од нив и во странство, да се подготвени на соодветното ниво за понатамошното образование, рече Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на клубот „Иноваториум“ во Титан УСЈЕ.
Предлозите што стигнале до Бирото за развој на образованието „се однесувале, генерално, на зголемен број на часови на секој од предметите и дополнување на дополнителни предмети“. Доколку би се зеле предвид тие предлози, учениците би останувале на училиште и до 11 часови.
- Кога Бирото го направи распоредот на часови, според барањата на стручната јавност, здруженијата на наставниците, излезе дека учениците секоја година, од прва до четврта, треба да бидат на училиште најмалку 10 до 11 часа. За да нема забуна - 10 до 11 саати во работниот ден. Тоа не е можно и жал ми е што нема да можеме баш така како што поединечно замислуваат да го остваруваме. Сето тоа ќе треба да се изанализира, искомбинира. Да, нашите деца да бидат подолго на училиште, тоа што Владата како проект го предлага, но тие не може да бидат 11 саати во денот на часови, истакна министерката, додавајќи дека покрај наставни часови тие треба да имаат и воннаставни активности.
Јаневска соопшти дека во моментов во 141 училиште низ државава е воведена едносменска настава – процес што тече паралелно со проектот за оптимизација на училишната мрежа односно малиот број ученици, кои се изолирани во подрачни училишта, да бидат преместени во централните училишта. За таа цел се прават планови за доградба на училници или, во некои општини како Аеродром, Кисела Вода и Чаир, изградба на нови училишни објекти.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
