-->
-->
Јаневски: Да го поправиме лошиот впечаток од првиот меч
-->

Македонскиот шампион Вардар го одреботи единствениот тренинг на стадионот „Аноета“ каде утревечер ќе го игра четвртиот натпревар во групната фаза во Лига Европа.
Вардарци во мечот од 4. коло на групата „Л“ против Реал Сосиедад ќе се обидат да го освојат првиот бод, иако шансите за тоа се мали, особено имајќи го во предвид убедливиот пораз на првиот меѓуисебен дуел во Скопје кој шпанскиот тим го доби со убедливо 6:0.
Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски на вообичаената прес-конференцијата а пред тренингот ги искажа очекувањата.
,,Не чека тешко гостување, знаеме за каков тим се работи, но треба да гледаме како ние ќе играме на овој меч. Со добра организација и добра желба, може да дојдеме до добар и позитивен резултат. Сакаме лошиот впечаток што го направивме дома со Сосиедад, кој за мене не го покажува вистинскиот квалитет, да го поправиме“, изјави Јаневски.
Утрешниот дуел меѓу Реал Сосиедад и Вардар ќе се игра во терминот од 21 часот и 5 минути, а во вториот меч од групата ќе играат Зенит и Розенборг.
По трите порази Вардар е последен на табелата без освоен бод, додека Сосиедад е на 2.место со 6 бода, три помалку од лидерот Зенит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
-

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
-

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал
-

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово
-

Војните во Иран и Украина и цените на енергенсите на агендата на дводневниот Самит на ЕУ
