Јапонија ја одбележува годишнината од земјотресот и цунамито од 2011
Јапонија денеска ја одбележува шестата годишнина од силниот земјотрес во 2011 година, кој предизвика моќно цунами во кое загинаа 15.893 лица, а 2.550 се уште се водат како исчезнати и доведе до хаварија во нуклеарната централа „Фукушима“, со чии последици земјата се уште се справува.
На 11 март 2011 североисточниот дел на Јапонија беше погоден од земјотрес со интезитет од 9 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот беше под окенаското дно западно од Јапонија и тој предизвика големи бранови со висина и до 40 метри, кои предизвикаа катастрофални последици во должина од 500 километри од брегот на островот Хоншу.
Централната комеморативна церемонија почна со минута молчење во 14.46 часот по локално време, кога и се случи земјотресот пред шест години.
На церемонијата се обрати јапонскиот премиер Шинѕо Абе, кој се заблагодари на меѓународната заедница за укажаната помош и поддршка при катастрофата „што се случува еднаш во илјада години“, нагласувајќи дека Јапонија „научила вредна лекција од ужасните последици од трагедијата“.
На собирот говореше и помладиот син на јапонскиот цар Акихито, принцот Акишино, кој изрази надеж дека сите оние што се соочија со ужасните последици од катастрофата нема да бидат заборавени и дека ќе дојде денот кога ќе можат да се вратат во своите домови и да живеат во „мир и спокојство“.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?