Јапонија одбележува 71 година од атомското бомбардирање на Нагасаки
Во јапонскиот град Нагасаки повеќе илјади луѓе денеска присуствуваа на одбележувањето 71. годишнина откако овој град е уништен во Втората светска војна САД, кога фрлија атомска бомба. Со едноминутно молчење им беше оддадена почит на жртвите во нападот.
Во експлозијата на бомбата загинаа околу 74.000 луѓе, а уште илјадници починаа во следните месеци и години од последици на радијација.
Атомската бомба е фрлена врз Нагасаки само три дена откако американските сили првпат во историјата фрлија таков вид на бомба во јапонскиот град Хирошима, при што загинаа вкупно 140.000 лица.
Градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе изрази благодарност за посетата на американскиот претседател Барак Обама претходно оваа година, што е прва посета на некој претседател на САД во овој град.
- Познавањето на фактите претставува основа да се почне со размислување за иднина без нуклеарно оружје, истакна Тауе и ги повика и другите светски лидери да го посетат Нагасаки.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе во својот говор во Нагасаки побара од светските лидери да го почитуваат глобалниот Договор за неширење на нуклеарно оружје.
- Не смееме да дозволиме повторување на ужасните настани од Хирошима и Нагасаки, кои се случија пред 71 година, нагласи Абе.
Ново на Сител
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, температурата до 36 степени
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44