Јапонија планира да замени 14 нуклеарни реактори во наредните децении

Јапонското Министерство за индустрија денеска предложи замена на два до пет застарени нуклеарни реактори до 2040-тите и вкупно 11 до 14 до 2050-тите години.
Министерството за економија, трговија и индустрија ги претстави целите на состанокот на министерскиот панел, со намера да ги поттикне инвестициите и да обезбеди доволен број персонал во нуклеарната индустрија, пренесува Кјодо.
Агенцијата додава дека планот е објавен во момент кога Јапонија очекува дека побарувачката за електрична енергија ќе расте со ширењето на вештачката интелигенција.
Според основниот енергетски план на владата, Јапонија има за цел 20 отсто од својата електрична енергија да ја добива од нуклеарна енергија во фискалната 2040 година за да се задоволат енергетските потреби. Меѓутоа, постигнувањето на оваа цел би барало замена на постојните постројки, бидејќи самото повторно пуштање во работа на сегашните реактори нема да биде доволно.
Предложените бројки ги одразуваат проценките на електроенергетската индустрија дека до 2040-тите Јапонија ќе се соочи со недостиг од 5,5 милиони киловати енергија, што е приближно еквивалентно на количината што ја произведуваат пет реактори.
Работниот век на реакторите е ограничен на 60 години, а некои постројки во Јапонија веќе работат околу 50 години. Во моментов, 24 реактори во 11 нуклеарни централи се наоѓаат во фаза на затворање.
МИА
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
