Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
Јапонскиот министер за надворешни работи Такеши Иваја денеска пристигна во ненајавена посета на Украина.
Целта на посетата е да се покаже посветеноста на Токио кон Киев во борбата против руската воена агресија, во која веќе се вклучени и севернокорејски војници, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.
Ова е прва посета на Украина на министер од владата на новиот јапонски премиер Шигеру Ишиба кој ја презеде функцијата на почетокот на минатиот месец, пренесува Укринформ.
Иваја пристигна во Украина со воз од соседна Полска по посетата на Перу на самитот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка.
Заедно со САД и другите земји од Г7, Јапонија ја поддржува Украина и воведе економски санкции против Русија од избувнувањето на војната.
Претходната посета на јапонски министер за надворешни работи на Украина беше во јануари година, кога во Киев пристигна беше Јоко Камикава, претходникот на Иваја.
Ново на Сител
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени