Јашари ќе побара нова средба со Синдикатот на вработените во правосудството
Министерот за правда Аднан Јашари за протестот на судските службеници денеска рече дека неколку пати имал средба со претставници на Синдикатот на вработените во правосудството и оти ги знае нивните барања.
- Нивна цел и нивно барање е да се измени Законот за судска служба, кој е усвоен во јануари 2014 година. За жал не постигнавме да ги усогласиме ставовите во однос на нивните барања, но како министер за правда сум отворен и најверојатно ќе побарам уште една средба за да седнеме и да ги анализираме нивните барања и да се се заземе дефинитивен став, рече Јашари, одговарајќи на новинарско прашање пред презентацијата на анализата „Унифицирање на судската пракса во Македонија: Можности наспроти предизвици“ во организација на Центарот за правни истражувања и анализи од Скопје.
Тој појасни дека за нивните барања мора да побара мислење од Владата за да се заземе дефинитивен став.
За Законот за специјално јавно обвинителство, Јашари потсети дека тој беше предложен од страна на пратеници, а не од Министерството за правда, врз основа на усогласување на сите претставници од политички партии во работни групи.
- Согласно тоа, Министерството за правда во изготвување на Законот за специјално јавно обвинителство не учествуваше, рече Јашари.
Во однос на вработените во Специјалното јавно обвинителство, како што рече, точно има закон, но предлагач на законот не може да биде Министерството за правда, туку согласно нашиот Устав, Владата или пак пратеници.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости