Јавен повик од општина Гевгелија за иницијативи за изработка на урбанистички планови
Општина Гевгелија денеска јавно ги повика заинтересираните физички и правни лица да поднесат иницијативи за изработка на урбанистички планови за годинава.
Од Одделението за урбанизам на општината информираат дека предмет на иницијативите може да бидат предлози за донесување на нов урбанистички план или измени и дополнувања на постоечки урбанистички план.
Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, иницијативите можат да се достават писмено до архивата на општина Гевгелија или во електронска форма преку информацискиот систем „е-урбанизам“ најдоцна до 30 април.
Прифатените иницијативи ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на општината за 2017 година, а средствата за изработување на потребната документација за поднесените иницијативи ќе треба да ги обезбедат подносителите.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома