-->
-->
Јавен повик за изразување интерес за хотелите кои имаат над 50 легла, за формирање државни карантини
-->
Владата на Република Македонија објави јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.
Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.
Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.
Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23 март, понеделник, до 14 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: gs@gs.gov.mk, соопшти владината прес-служба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени