Јавна расправа на тема „Предлог на закон за слободните здравствени зони“
Со формирањето на слободните здравствени зони очекуваме да се обезбедат поволни услови за привлекување странски инвеститори во областа на здравството и привлекување на најсовремена здравствена технологија, воведување нови здравствени методи и постапки, како и потикнување на здравствен туризам.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров на јавната расправа на тема „Предлог на закон за слободните здравствени зони“ што се одржа во рамки на седницата на собраниската Комисија за здравство.
Посочи дека целта на Предлог - законот за слободните здравствени зони е подигнување на нивото на здравствена заштита во Република Македонија со привлекување на странски капитал за воведување на нови здравствени методи и постапки, зголемување на конкурентноста и на вработувањето, развој на здравствениот туризам, зголемување на квалитетот на високо образовната понуда и понуда на повисок квалитет на образование кое ќе донесе современи и квалитетни образовни методи.
- Очекуваме на овој начин Македонија да стане позната дестинација во светот како една од најдобрите центри за здравствен туризам. Неоданочувањето и ослободувањето од царина значи дека услугите може да бидат понудени по пониски цени, рече Тодоров.
Според него, тоа ги прави повеќе атрактивни слободните здравствени зони за странските инвеститори за отворање бизнис во сегментот на здравството.
- Тие во слободните здравствени зони ќе можат да отвораат болници, медицински факултети, капацитети за бањско климатско лекување со сместување и физикална медицина и рехабилитација. Нашиот фокус е македонските пациенти кои патуваат во странство за медицински цели да ги задржиме во Македонија и да овозможиме да добијат иста таква здравствена услуга во Македонија бидејќи предвидуваме во Законот овие здравствени установи да можат да склучат договор со Фондот за тие услуги, посочи Тодоров.
Клучна цел, појасни, е да се привлечат и пациенти од странство. Нагласи дека поволностите кои произледуваат од Предлог-законот за слободни здравствени зони се: даночни и царински ослободување кои се во прилог на странските инвеститори-градењето на објектите нема да се оданочува, инвеститорите не мора да плаќаат давачки за увоз и данок на медицинска опрема, лекови, медицински помагала и потрошен медицински материјал кои ќе бидат користени во здравствените објекти во слободните здравствени зони.
- Други значајни бенефити за инвеститорите во слободните здравствени зони се: нема данок на добивка во период од 10 години од денот на донесување решение за основање на здравствена зона, нема персонален данок на доход за примање по основ на плати на вработени лица за период од 10 години, нема данок на добивка и персонален данок на доход на примањата по основ на платите на вработени лица за период од 15 години доколку истиот корисник во зоната врши истовремено и здравствена и високо образовна дејност...,истакна Тодоров.
Потенцира дека предвидуваат и можност за основање високо образовни установи, а корисникот на зоните односно странскиот инвеститор треба да исполни законски критериуми и тоа: наставата да ја изведуваат професори од кои најмалку половина се предавачи на еден од стоте највисоко рангирани факултети на последната објавена листа на центарот за универзитети во светска класа при Шангајскиот универзитет, да овозможи наставно-научен кадар од високо образовната установа во зоната, да одржува предавања и на јавните високо образовни установи во Република Македонија.
Исто така, укажа министерот, значаен сегмент е и можноста инвеститорите да пружат услуги на комплементарна и алтернативна медицина и на бањско климатско лекување со сместување и физикална медицинска рехабилитација. Значајно е тоа што корисникот на зоната има обврска да воведе посебни програми за бањско климатско лекување, а особено за деца или болни од церебрална парализа или болни од цистична фибриоза.
- Кај бањско климатското лекување право да ги користат услугите имаат и македонските и странските државјани, а доколку корисникот на зоната склучи договор со Фондот тогаш пациентите кои се македонски државјани ќе можат со упат да користат бањско климатско лекување продолжено болничко лекување, рече Тодоров.
Посочи дека здравствените услуги на болниците во зоната покрај странските државјани и државјани на Република Македонија. Државјаните на Република Македонија, нагласи, здравствените услуги во зоната ги плаќаат со лични средства освен за здравствени услуги за кои здравствената установа во зоната има склучено договор со ФЗОМ.
- Имаме предвидено цената да биде повисока за 30 проценти заради заштита на конкуренцијата односно не ставањето во привилегирана положба на овие здравствени установи во зоната во однос на приватните здравствени установи во Македонија, додаде Тодоров.
Според претседателот на Комисијата за здравство, Јагода Шахпаска, со законската обврска на корисникот на зоната во периодот за кој е направен договорот од 10 години да воведе барем една нова дијагностичка или терапевтска процедура нема да се намали бројот на пациенти кои ќе мора да се лекуваат во странство. При тоа, посочи, нема заштеда ниту за лекување, ниту за патни трошоци.
Taa упати критики на големиот број поволности од државата кои ќе ги користат корисниците на слободните здравствени зони. Според неа, тие привилегии треба да се дадат во јавното здравство на Република Македонија кое е достапно за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни