Јавните обвинители со апел до политичарите

Јавните обвинители ја извршуваат својата функција професионално, совесно и самостојно, и токму затоа е од особена важност да се обезбеди простор тие да ја вршат својата работа без притисоци, навреди или мешање од страна на политички или други центри на моќ, се вели во реакција на Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
- Здружението на јавните обвинители најостро реагира на недоличните и неаргументирани изјави на одредени политичари со кои директно се загрозува интегритетот и самостојноста на Јавното обвинителство и на правосудните институции воопшто. Апелираме особено политичарите во предизборната реторика да се воздржат од неосновани напади со кои ја поткопуваат довербата во правосудните институции и го нарушуваат угледот на јавните обвинители, се вели во реакцијата на ЗЈОРСМ.
Јавното обвинителство, се посочува во реакцијата, е самостојна институција чија работа се темели исклучиво врз основа на Уставот, законите и материјалните докази.
- Ниту еден предмет не може и не смее да се води врз основа на политички притисоци или јавни прозивки, туку само врз основа на аргументирани факти и во рамките на законски пропишаните процедури. Потсетуваме дека секој што смета дека постојат елементи за кривично гонење, има право да поднесе соодветна пријава до надлежното обвинителство. Пријавата ќе биде внимателно разгледана и процесуирана во согласност со доказите и законската рамка, стои во реакцијата на ЗЈОРСМ.
МИА
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
