Јелена Розга се пофали со своите настапи низ Македонија
Изминатиов викенд Струмица и Гевгелија пулсираа во ритамот на музиката на хрватска поп пејачка Јелена Розга која со овие настапи ја започна својата летна турнеја низ Македонија.
Во саботата таа настапи заедно со својата придружна група во најпопуларниот ноќен клуб во Струмица и околината, клубот „Селект“ каде како и минатата година, така и сега, ретко кој пропушти да не дојде да се забавува на концертот на Розга, која дополнително ја вжешти атмосферата облечена во провокативни куси панталончиња и мрежести чорапи. Сплитската поп дива по одличниот настап во Струмица, другиот ден имаше свое шоу и во Гевгелија, каде за нејзиниот концертен настап се бараше влезница повеќе.

Хрватската поп кралица и во летната дискотека „Ава“ на присутните им приреди вистинско „музичко цунами“ на кое никој не остана рамнодушен, па дури ни самата пејачка.
Иако речиси никогаш не постира видеа и фотографии од своите настапи, Розга презадоволна од приемот на публиката во Македонија на својата фан страница на Фејсбук постираше видео со текст: „Колку не има – крај нема… Ви благодарам Гевгелија, ти благодарам Македонијо“!

Очигледно возбудата кај Розга од атмосферата на концертите со кои ја почна летната турнеја низ Македонија е толку голема и кај неа како и кај публиката, што едвај се чека новата тура настапи на 1 јули во „Кадмо“ во Охрид и на 2 јули на летниот базен во Кочани!
Извор: Вистина.мк
Ново на Сител
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
-

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ
-

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ

