Балкан
1. February 2017 - 18:37

Јилдирим: Меѓународната заедница недоволно им помага на бегалците

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска ја обвини меѓународната заедница дека не им дава доволна помош на сириските бегалци, јави Анадолија.

Според Јилдирим, во справувањето со проблемите со бегалците, меѓународната заедница не смее да се потпира само на напорите на Турција. 

- Меѓунардоната заеднициа треба да се потсети на својата одговорност. Ние ќе направиме се што е во наша моќ, но сакаме и останатите земји да го одработат својот дел, изјави Јилдирим.

Тој нагласи дека меѓународната заедници донирала 700 милиони долари за бегалците сместени во Турција, што, според него, не е доволно за задоволување на нивните потреби.

Според официјалните податоци, во Турција престојуваат околу три милиони бегалци, во најголемиот број Сиријци, од кои само 10 отсто се наоѓаат во некој од 26-те бегалски кампови во пограничните региони кон Сирија, додека останатите се сместени ширум територијата на земјата.

- Тие се наши соседи, наши браќа, но пред се се човечки суштества, истакна Јилдирим.

Турските власти тврдат дека за помош и згрижување на бегалците досега поторшиле околу 25 милијарди евра.